Кривична пријава и притвор за скопјанец за разбојништво

Од:

СВР-Скопје до Јавното обвинителство со кривична пријава го предаде лицето Б.К.(34), поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 5.000 денари. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот на 11. овој месец околу 00:30 часот на ул. „18“ во с.Инџиково извршил разбојништво над лицето С.Ј., при што му одзел плик во кој имало 5.000 денари.

Откако го пресретнал оштетениот, Б.К. го прашал каде оди и во истиот момент го нападнал со боксови и клоци во пределот на главата и телото. С.Ј паднал на земја, а Б.К. од џебот на долната тренерка му извадил и одзел плик со пари, а потоа со такси возило го напуштил местото на настанот.

Поради добиените телесни повреди С.Ј. побарал лекарска помош во Граската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и на Максилофацијалната клиника при Клиничкиот центар.

Во присуство на јавен обвинител извршено е препознавање на лица при што оштетениот го препознал Б.К. како извршител на кривичното дело, а со пријавениот извршен е разговор во кој тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

МВР информира дека Б.К. е познат сторител на кривични дела и против него се поднесени вкупно 11 пријави за извршени 15 кривични дела: една за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, седум за тешки кражби, четири за разбојништва и три за кражби. За дел од нив изречени му се една парична казна, една условна осуда и две казни затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас