Кривична пријава и притвор за скопјанец осомничен за шест тешки кражби

Од:

СВР Скопје – Отсекот за дрски и разбојнички кражби поднесе кривична пријава против З.Г.(30) од Скопје осомничен дека сторил шест кривични дела тешка кражба на особено дрзок начин.

Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист  на подрачије на град Скопје во периодот од април до јули 2015 година, соопшти денеска МВР, сторил шест тешки кражби на дрзок начин со што  се стекнал со вкупна  материјална  корист од околу 152.000 денари.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

З.Г. делата ги извршувал најчесто врз женски лица на возраст од 40 до 64 години при што на особено дрзок начин користејќи го невниманието со употреба на физичка сила од оштетените одземал златен накит.  Во пет од случаите пријавениот на автобуска постројка во централното гратско подрачје од позади грб им се доближил на оштетените и насилно со кинење од вратот успеал на оштетените да им земе златни ланци.

Во еден случај пријавениот во кругот на Зелено пазарче-Скопје додека оштетената пазарела и се движела помеѓу тезгите и се доближил од предна страна и  ненајдено насилно повторно ја грабнал за златниот ланец  кој го носела на вратот, успеал да го скине и одземе и со трчање се одалечил.

По преземени интензивни мерки и активности пријавениот е приведен во полициска станица каде од страна на оштетените во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање на пријавениот при што истите со потполна сигурност го посочија З.Г. како сторител на кривичните дела извршени врз нив.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он