Кривичен суд: Системот за издавање потврди од кривична и казнена евиденција повторно во функција

Од:

АКМИС системот за управување со судски предмети од денеска функционира, соопшти скопскиот Кривичен суд, откако во петокот ја известиле Државнта изборна комисија дека поради проблеми со системот не се во можност да издаваат потврди од кривична и казнена евиденција.

– Во однос на наводите дека АКМИС системот за управување со судски предмети не функционира и Основниот суд Скопје 1 – Скопје не може да издава уверенија од казнена и кривична евиденција, ја известуваме јавноста дека во петок (15.09.2017 година) во попладенвните часови, е констатиран проблем со системот за што веднаш е известена компанијата задолжена за негово одржување, по што денеска во 11:00 часот проблемот е отстранет, системот функционира и нема никаков застој во издавањето на уверенијата од казнена и кривична евиденција, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија