Критично во Новаци, опасност да се урне мостот на Црна на патот до РЕК-Битола

Од:

Надојдената вода  на Црна река се заканува да го урне мостот на патот кој поминува низ Новаци и води до РЕК-Битола. Доколку дојде  до тоа цело село Новаци и најголемиот производител на електрична енергија во државата ќе останат отсечени, потврди градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Градоначалникот Котевски, локалната самоуправа, кризниот штаб и локалното население цела ноќ и претпладнево се на терен борејќи се со водената стихија. Целата расположлива механизација е на терен, се копаат насипи за да се спречи надојдената река да не го полави целото село.

– Ситуацијата е навистина алармантна, заради надојдената вода, веќе започнаа да се поплавуваат куќите на почетокот на селото, поплавено е и повеќенаменското игралиште а водата е дојдена скоро до училиштето. Затоа ги пуштивме децата да си одат дома и прекината е наставата заради нивна безбедност. Ситуацијата ќе беше далеку покритична доколку не преземевме превентивни мерки уште пред неколку дена кога копавме насипи и поставувавме вреќи со песок на критичните места. Ако тоа не го направевме несакам ни да замислам какви ќе беа штетите. Водостојот на река Црна вештачки се намалува затоа што водата се пропушта кон село Новаци, вели градоначалникот Котевски.

Комуналното претпријатие „Комунална хигиена“-Новаци почна да ги евакуира жителите во првите куќи кои веќе се поплавени.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава