Критична состојбата на тројца од хоспитализираните на скопските клиники од сообраќајката кај Ласкарци

Од:

Во критична состојба се тројца од осумте пациенти кои се лекуваат на Хируршките клиники во Скопје, кои беа повредени во вчерашната автобуска сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај село Ласкарци.

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани изјави дека еден од тројцата пациенти пред предмалку е префрлен од ГОБ „8 Септември“ со тешки повреди на градниот кош, што ќе треба да се санираат.

Се преземаат мерки за стабилизирање на состојбата и на двајцата други критични пациенти, девојка и маж на кој неколкупати му е опериран градниот кош. – Тој е со сериозно крварење и кај него неколкупати е интервенирано и реинтервенирано. Во тешка состојба е, го следиме будно ако треба ќе интервенираме повторно. Во доста тешка состојба е и младата девојка, со лекарставата што ги прима постепено се стабилизира, но сепак е во животнозагрозувачка состојба, изјави Хасани.

Тој нагласи дека двајца од досега примените 10 пациенти во комплексот клиники во Скопје се пуштени на домашно лекување, а кај другите пет повредени состојбата е стабилна.

Покрај тројцата пациенти на Хируршките клиники, во критична состојба се уште двајца од хоспотализираните во ГОБ „8 Септември“.

Во несреќата во која загинаа 14 лица, вкупно беа повредени 37 лица.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево