Критична маса #24 – И да немаш точак, придружи се!

Од:

На 30.04.2014 во Скопје ќе се одржи Критична маса по 24-ти пат. Критична маса е возење точак. Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно возат по улиците на нивниот град, со цел да го направат градот подобро велосипедско место. Нема раководство, може да дојде кој сака и секој е одговорен за себе.

Како и секогаш, Критична маса се одржува последната среда од месецот, а овојпат започнуваме во 17:30 кај Катна гаража Св.Кирил и Методиј (Јужен Булевар) и завршуваме кај МКЦ. Секоја критична маса има одредена тема, овој пат тема ни е „И да немаш точак, придружи се!“ Се работи за системот за изнајмување на велосипеди за кој би сакале да ги информираме граѓаните малку повеќе.

Повеќе информации околу темата на оваа критична маса може да прочитате тука.

Промотивните материјали (банери, материјали за печатење) можете да ги најдете тука.

А наскоро ќе имаме и видео од интервју со корисниците на системот во Скопје, кое ќе може да го најдете тука или следете ги нашите профили на социјалните мрежи: Facebook ; Twitter ;

Би ни значело многу доколку и вие ја подржите оваа иницијатива за подобро велосипедско Скопје.

Би можело да ве интересира

НаТочак: Безбедноста да биде приоритет во креирање на сообраќајните политики

А1он

Бројот на скопјани кои користат велосипед се зголемил во корона кризата

Ана Ололовска

Кампања на „Одржливи иницијативи“ и „НаТочак“ за повисока свест за намалување на климатските промени

Ана Ололовска

Седум години Критична маса во Скопје

Ана Ололовска

„На точак“ ги повикува велосипедистите на роденденски протест

Ана Ололовска

„На Точак“: Град Скопје да се приклучи кон кампањата за превоз што не вклучува автомобил

Ана Ололовска