Кампања на „Одржливи иницијативи“ и „НаТочак“ за повисока свест за намалување на климатските промени

Од:

Возењето велосипед и велосипедската мрежа се едно од решенијата за намалување на последиците од климатските промени, соопштија од здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ и неформалното здружение „НаТочак“.

Како места каде живее најголем дел од населението, посочуваат од здруженијата, градовите имаат огромен потенцијал за намалување на последиците од климатските промени, промоцијата на користење на велосипед низ градот директно влијае врз намалување на емисиите на стакленички гасови од транспорт. Лицата кои користат велосипед за своите дневни потреби влијаат на намалување до 84 отсто од емисиите на СО2 во однос на патниците на моторни возила.

Од здруженијата потенцираат дека се впуштиле во мисија да ја подигнат јавната свест и да поттикнат промена кај граѓаните, но и кај општинската и градската админстрација преку кампањата #СоТочакЗаКлима.

Во изминатиот месец тие подготвиле информативни постови на тема: точакот и климатските промени, односно за позитивното влијание на велосипедот во однос на намалувањето на климатските промени. Во процесот, покрај информативни постови по социјалните медиуми, се подготви и видео на оваа тема кое промовира користење велосипед во Скопје како чекор кон подобра иднина.

„Точакот е решение за многу урбани проблеми: од сообраќаен метеж, слободно паркинг место, почист воздух, па сè до намалување на климатските проблеми. Со ова видео сакаме да го опишеме искуството на возење точак во Скопје со сите свои убавини и недостатоци, да ги пофалиме сите граѓани кои се борат со ситуацијата, возејќи велосипед; да покажеме дека градската администрација работи на изработка на велосипедски патеки; но најважно од сè – да поттикнеме уште граѓани да одберат велосипед и градот и општините уште повеќе да инвестираат во велосипедската сообраќајна инфраструктура, изјави Бојан Ранташа од „Одржливи иницијативи“.

Од здружението „НаТочак“ додаваат дека да се има функционална, поврзана, велосипедска мрежа во градот е вистинскиот начин за да видиме значајно зголемување на употребата на велосипедот, а тоа е примерот кој е воспоставен во светот и ќе придонесе кон подобар живот во Скопје и поздрава животна средина.

Според третиот национален двогодишен извештај за клима, податоците за 2016 година укажуваат дека 28,1 отсто од емисијата на стакленички гасови доаѓаат од секторот транспорт, во споредба, во Европската Унија каде изнесува 24,3 отсто, а на глобално ниво е 22 отсто. Додека Европската Унија, како и бројни други светски сили се заложуваат да ја намалат емисијата на стакленички гасови зa 55 отсто до 2030 година, информираат од двете здруженија.

Би можело да ве интересира

НаТочак: Безбедноста да биде приоритет во креирање на сообраќајните политики

А1он

Бројот на скопјани кои користат велосипед се зголемил во корона кризата

Ана Ололовска

Скопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак!

Ана Ололовска

Велосипедски караван „Скопје на точак 2019“

Ана Ололовска

Од денеска пријавување за „Скопје на точак“, караванот на 3 ноември

Ана Ололовска

Седум години Критична маса во Скопје

Ана Ололовска