Криминалните битанги ќе завршат онаму каде што им е местото, вели Мицкоски

Од:

Криминални структури имало и ќе има, но, жестоко ќе се спротивставиме како држава и ќе ги победиме. Граѓаните да се чувствуваат безбедно и слободно, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали граѓаните треба да бидат загрижени за безбедносната состојба во главниот град.

За тоа дали има повеќе детали за денешното убиство во Скопје, Мицкоски рече дека од информациите со кои располага едно лице е фатено, а по другото се трага и оти за сите детали ќе информира МВР.

Според Мицкоски, „во овој период на транзиција поединци земаат замав“, но, како што рече, уверен е дека „ваков тип на криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото“.

-Криминални структури имало и ќе има. Во овој период на транзиција поединци земаат замав. Некои се охрабрени од некои центри на моќ, но ние ќе се бориме и ќе ги победиме. Да знаете дека жестоко ќе се спротивставиме како држава и ќе ги победиме. Граѓаните да се чувствуваат безбедно и слободно. Ваков тип на криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото и јас ве уверувам во тоа, изјави изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по средбата со претседателката на Судски совет, Весна Дамева.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка