Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Од:

Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник од ОВР Гостивар постои основано сомневање дека полицискиот службеник сторил кривично дело Проневера во службата.

Осомничениот како како крим техничар бил ангажиран на увид во кој биле пронајдени предмети – парични средства во износ од 25 000 евра и златен накит кои тој ги фотографирал и подигнал. По извршениот увид во рамките на своите службени должности настанот и предметите уредно биле внесени во дневната книга на настани и ЦЕМС системот. Осомничениот направил неколку обиди да ги предаде предметите на надлежниот јавен обвинител, но поради немање услови за чување во обвинителството, по насоки на јавен обвинител тој ги заклучил во неговиот шкаф во работната просторија. Предметите биле таму сѐ до моментот кога, иако му биле доверени во службата, одлучил да ги присвои. Така во неколку наврати подигнувал дел од парите и од златниот накит што го разменувал во златарница за парични средства кои понатаму ги користел за отплаќање на долгови. За да ги сокрие трагите, осомничениот ја извадил бравата од шкафот во неговата работна просторија и исценирал дека истиот е обиен.

Во текот на вчерашниот ден, кога неговите колеги го известиле за настанот, односно дека се прави увид во неговата канцеларија заради обиениот шкаф, тој дошол и го признал делото изразувајќи каење.

Предметниот обвинител на судијата на претходна постапка ќе му предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар