„Креваат хистерија зашто немаат со што да се борат“

Од:

„Најодговорните сакаат да продолжат да се однесуваат неодгвороно“. Вака претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ги објасни бурните реакции за неговиот договор со Владата за декриминализција.

Според него новинарите ги добиле сите барања кој тој им ги ветил во неговата изборна кампања: да нема затворска кaзна и да има каскадно надоместување на штетата.

Објаснувајќи што тој поточно договрил со владата Селмани кажа дека со понесувањето на каскадна одгворност со казни од 2000 евра за новинари 10.000 евра за уредници и 15.000 евра за сопствениците, „новинарите нема да бидат топовско месо во пресметките меѓу политичарите и газдите а на уредниците сега ќе им се расипел комодитетот бидејќи злоупотребата на новоинарите не била слобода на изразување“.

Селмани рече дека со договорот има 12 законски осднови при кои новинарите нема да одговараат, атој наброја неколку: aко се извинат, ако докажат дека текстот е нарачан од уредникот или ако не му е обезбеден слободен пристап до инфорамции.

Насер Селмани не одгвори дали ќе поднесе одговорност доколку членството на ЗНМ јасно застане против оваа одлука.

Колку за потсетување, во изминативе шест и повеќе месеци, Селмани ветуваше и се залагаше за казни на новинарите за клевета кои ќе се движат од две до три новинарски плати.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество