Кражба или саботажа: Арамии украле кабел од влечен мотор од локомотива

Од:

Денеска во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечните средства, утврдено е дека е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата.

„Кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и утврдена е фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка. Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата“ велат од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи