Кратово објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови за 2018

Од:

Општина Кратово објави Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година.

Јавниот повик се распишува согласност член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во првиот квартал од 2018 година. Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или урбанистичко планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

Јавниот повик ќе трае до 13 април 2018 година, а заинтересираните правни и физички лица иницијативите треба да ги достават во писмена форма во архивата на општина Кратово или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена или електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите.

Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат внесени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година, а средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он