Кратовец загина, кога неговото возило се придвижило кон него и го удрило.
Педесет и еденгодишниот маж (С.С.) од кратовско, според пријавата, бил на гости кај негов пријател од истото село, тргнал да си оди и влегол во своето патничко моторно возило “застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и се вратил кон куќата на пријателот. Во тој момент, возилото се придвижило во правецот на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.
Извршен е увид.