Кратовчани да одберат приоритетни услуги од социјалната сфера

Од:

Граѓаните од општина Кратово можат да гласаат и да ги одбираат најприоритетните услуги од областа на социјалната сфера согласно повикот што го објави локалната самоуправа.

Од општина Кратово информираат дека веќе се во тек подготвителните активности за аплицирање на проектот „Општинско – корисна работа 2018“ , поради што, со цел креирање соодветни активности во рамки на овој проект согласно реалните потреби на граѓаните, на објавената веб-страна „Моја Општина“ http://www.moja-opstina.mk/, граѓаните можат да гласаат за најприоритетни услуги од областа на социјалната сфера за кои сметаат дека им се најпотребни.

На „Моја општина“ граѓаните можат да одберат три приоритети од областа на социјални или други услуги кои сметаат дека им се потребни во Кратово,од понудените единаесет алтернативи: грижа за стари лица, грижа или здравствени услуги за лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со пречки со телесен, ментален или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени деца и лица и други корисници, спортско-рекреативни и/или креативни активности за лица со посебни потреби, активности за стекнување работни вештини на лица со посебни потреби, помош на лица со посебни потреби за „самостојно живеење со поддршка’’, описменување т.е едуцирање или слично на деца или возрасни, обезбедување информации за новините во законската регулатива и можностите за остварување на одредени права и обврски, едукација на граѓаните за заштита на животната средина и соодветно користење на ресурсите, развој и организирање на групи за самопомош на ранливите групи граѓани, патролен социјален работник и помош и поддршка во работата на установите кои пружат заштита на ранливи категории.

Проектот „Општинско корисна работа 2018“ е предвидено да се реализира во периодот од први август 2018 до први февруари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он