Кралев во тридневна работна посета на Кралство Белгија

Од:

Делегација на Министерството за образование и наука, предводена од министерот Панче Кралев претстојува во тридневна работна посета на Кралство Белгија.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, денеска Кралев ќе се сретне со генералниот директор за образование и култура на Европската Комисија, Јан Трушчински, а ќе оствари средба и со европратеничката Дорис Пак, претседавач на комитетот за образование и култура во рамките на Европскиот парламент.

На средбата со Трушчински, на која министерот Кралев ќе биде придружуван од директорот на Националната агенција за мобилност Дарко Димитров, ќе биде напоменато дека Министерството за образование и наука заедно со Националната агенција преземаат сериозна иницијатива да ја вклучат Република Македонија во Eurydice и Europass програмските иницијативи на Европската Комисија преку креирање на Национален Europass центар и Национална Eurydice канцеларија за Македонија во рамките на Националната агенција за ЕУ образовни програми и мобилност, се вели во соопштението.

Предвидено е Кралев да ја претстави тековната состојба во високото образование во Република Македонија на средбите со Пол Ван Кауенберг, ректор на Универзитетот Гент и Марк Ваер, ректор на Универзитетот Лувен, пришто треба да се дискутираат можностите за натамошна соработка во однос на размена на професори и студенти, стипендии, научни истражувања и програми што водат до заеднички дипломи.

Во рамките на посетата, министерот Кралев ќе има свое обраќање и на Форумот СЕЕЛС во Брисел, каде заедно со министрите за образование од уште неколку земји од Југоисточна Европа, како и претставници од универзитети од регионот, ќе зборуваат на тема „Случувања во националната политика за високо образование во земјите од Југоисточна Европа во контекст на Европската Интеграција“.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска