Кралев: Пет студенти од ФИНКИ стипендисти на универзитетот Бостон

Од:

Бостон Универзитетот од САД и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа договор за соработка со кој се обезбедуваат пет стипендии за македонски студенти.

На потпишување на договорот, покрај министерот без ресор Бил Павлески и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, присуствуваше и министерот за образование и наука Панче Кралев кој истакна дека посебно значајно е тоа што програмите на ФИНКИ поминале процес на верификација на Бостон Универзитетот, што значи студентите ќе може да учат на некој вид компетабилни програми кои ќе бидат меѓусебно признаени од аспект на кредитите што ги носат.

„Тоа е важно како почеток на долгогодишна соработка меѓу двата универзитетa која ќе се развие во повеќе области, но посебно е значајно тоа што во иднина ќе се стремиме да дојде до заеднички програми, изјави Кралев.

Според Министерот Павлески станува збор за доста значаен договор во однос на привлекувањето странски инвестиции во информатичкиот сектор.

Бостон Универзитетот е основан во 1839 година и е четврти најголем приватен универзитет во САД.

 

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска