Кралев: Отстранување на таблите со новите имиња на училиштата во Чаир

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев Казни најави отстранување на таблите со нови имиња на училиштата во Чаир и казни за одговорните, но откако ќе заврши увидот на инспекторите.

“Општина Чаир нема добиено согласнот за преименување на училиштата, бидејќи за тоа треба согласност за промена на нивниот статут од страна на Министерството за образование. Целата постапка е спротивна на законот и одразува недостаток на одговорност на општина Чаир во однос на нивните надлежности во сферата на образованието. Инспекторите се на терен и тие по увидот на состојбата ќе донесат соодветно решение за директорите на училиштата, казни за одговорните и препораки за остранување на таблите. За добивање согласност за промена на статутот има правен дел и оценка на целисходноста на постапката и за тоа е потребен определен временски период бидејќи во министертвото има над 200 барања за промена на статутот на училишта низ државата поради што е потребно неколку месеци да се дадат забелешки, одобрение или да се одбие промената на статутот“, рече Кралев.

Основните училишта во Чаир “Рајко Жинзифов“, “Цветан Димов“, “Јане Сандански“ и “Никола Вапцаров“ од вчера имаат табли со имињата на “Исмаил Ќемали“, “Хасан Приштина“ “Јашар-бег“ и “Имри Елези“.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска