Кралев: Новите објекти во студентскиот „Стив Наумов“ ќе бидат завршени до почетокот на следната година

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска ги посети објектите во изградба во студенскиот дом „Стив Наумов“.

Објектите се на место на дотраените бараки и предвидено е да сместат 204 студенти. Станува збор за инвестиција од скоро 70 милиони денари, средства обезбедени од МОН со цел, како што рече Кралев, подобрување на студентскиот стандард во Република Македонија.

– Согласно интензивното темпо на изградба ќе бидат завршени до почетокот на следната година и по опремувањето ќе бидат ставени во употреба, истакна Кралев.

– Нашите предвидувања се дека ќе поченеме со реконструкција на блокот „Б“ од овој Студентски дом и тоа ќе може да го направиме кон средината на следната година. Во наредните три месеци ќе се изготвува проектната документација, а потоа ќе се пристапи кон тендер за реконструкција и очекуваме градежните активности да бидат за време на летните распусти, рече Кралев, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со инвестиции во студентскиот стандард и подобрување на студентските домови во Република Македонија.

Во врска со заштитата на новите објекти министерот најави дека ќе се изготват правилници и правила за одржување и задолжување на собите по лица со што ќе се врши детална проверка при влез и напуштање на собите на овие лица.

– Голем дел од одогворноста припаѓа на студентните бидејќи тие се денес студенти, утре не се, но доаѓаат нови генерации и мораме да бидеме свесни дека колективната одгворност и чување на овие објекти ќе овозможи што поголем број генерации да имаат подобри услови за учење, рече Кралев, посочувајќи дека санкциите се секогаш дел од некои правила за спречување штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти