Кралев најави реконструкција на струшкото училиште „Јосип Броз Тито“

Од:

Основното училиште „Јосип Броз-Тито“ во Струга е дел од Програмата за реконструкција на училиштата во Република Македонија, најави министерот за образование и наука Панче Кралев при денешната посета на ова струшко училиште.

– Предвидено е училиштето да биде дел од Програмата на Министерството за образование и наука за целосна реконструкција со средства кои се обезбедени од Банката при Советот на Европа. Предвидено е да бидат заменети прозорците, подовите и покривната конструкција, изјави Кралев.

Директорката на училиштето „Јосип Броз-Тито“ Ана Столеска истакна дека со поддршка од ресорното министерство училиштето успешно спроведува и други проекти.

– Училиштето учествува и во многу други проекти. Пред извесно време добивме и еден проект од Американската агенција за меѓународен развој за реновирање на училиштето преку проектот за мултиетничка интеграција во образованието, исто така во соработка нашето Министерство за обрзование и наука, рече Столеска.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска