Крајовски: Директорот на „Водовод“ да поднесе оставка бидејќи ја остави Битола без вода за пиење

Од:

Директорот на Јавното претпријатие Водовод, Пеце Милевски веднаш да си поднесе оставка на функцијата! Ништо не го „пере“ од одговорност што повеќе од 18 часа ја остави половина Битола и околните општини Новаци и Могила без вода! Милевски нема никакво оправдување што ги врати битолчани во минатиот век, да полнат вода за пиење од цистерена, која патем ја набави претходниот директор на Водовод од СДСМ, Горан Козаров и за која ДПМНЕ се исмеваше, изјави Драган Крајовски, претседател на ОО СДСМ Битола.

– Како се случи и кој е виновен за хаваријата на главниот цевковод во Битола, ќе утврдат надлежни органи низ соодветна процедура која ќе ја покрене СДСМ. За направените пропусти и нестручното работење кое ќе биде утврдено, ќе одговараат и Милевски и неговите скапо платени пулени. За да нема никаков сомнеж дека ќе врши било какви притисоци врз вработените или во фирмата изведувач на работите, Милевски уште денес да поднесе оставка. Ако, сепак, Пеце Милевски нема храброст и доблест да се повлече, тогаш градоначалникот Тони Коњановски веднаш да го разреши од директорското место и да назначи стручно лице, дораснато на предизвикот да биде директор на Водовод. Само така, Коњановски ќе покаже дека одговорноста е човечки и политички квалитет во кој верува и дека интересите на граѓаните му се пред партиските. Прекинот во водоснабдувањето во Битола е кулминација на двегодишното позирање на Коњановски и ДПМНЕ дека нешто работат. Со оваа локална власт, битолчани не се сигурни што ги очекува утре. Кога и да добие шанса ДПМНЕ да раководи со градот, на Битола и се случуваат катастрофи – нагласи Крајовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски