Крајот на јуни резервиран за парламентарни избори

Од:

Ѝ натаму не е јасно дали двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги усогласат ставовите за датумот на одржување на изборите, но сè поизвесно е дека тие ќе одржат кон крајот на јуни. За досегашните избори, датумот се одредуваше со усогласување на ставовите на власта и опозицијата, но овој пат, Уставниот суд пресече и го отвори патот за продолжување на изборните дејствија со прекинот на вонредната состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски. Уставните судии решија да не поведат постапка за владината уредба со која поради коронавирусот, Државната изборна комисија ги запре сите активности поврзани со изборниот процес.

Првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, на 22 март го потпишал заклучокот, со кој, се обврзува за четири дена по прекинувањето на вонредната состојба, да продолжат да течат преостанатите 22 дена од изборните дејства, до одрувањето на изборите.
Сега, датумот за одржување на изборите зависи од одлуката на претседателот Стево Пендаровски за тоа дали и за колку денови ќе ја продолжи вонредната состојба. За ова прашање, утре ќе заседава Советот за безбедност. Нереално е очекувањето на избори да се оди веднаш поради непрочистениот избирачи список, односно, без да се додадат лицата кои во меѓувреме станале полнолетни и добиле право на глас, но и бришење на почнатите од него.

Партиски извори брифираат дека реално е да се очекува на избори да се оди на крајот на јуни. Со тоа ќе и се даде време на ДИК да го подготви изборниот процес, а и да се обезбеди набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“