Крајбрежјето во Струга е полно со шут и отпад

Од:

Стружани, особено еколозите реагираат за атакот што се врши врз крајбрежјето од струшкиот дел на Охридското Езеро. Тие викендов организирано го чистеа крајбрежјето од шут и отпад, но истовремено укажаа на неодговорната и лоша навика на поединци да ја палат трската крај самиот брег, и да фрлаат градежен шут со намера за оградување простор за сопствена плажа, со што се уништува биодиверзитетот и природните живеалишта на птиците и на рибите.

Реагираат и од градскиот музеј во Струга кој досега неколку пати побарал помош од Министерството за Внатрешни работи, музејот во Охрид и Министерството за транспорт и врски. Моменталната состојба е критична и се е во рацете на совеста на граѓаните.

– Оставено е повеќе на совест на граѓаните, односно на сопствениците на ова земјиште што се наоѓа таму. Не ми е јасно и логично кој може да го пали тоа ако не сопствениците со некоја намена понатаму нешто да превземат или изградат на тоа место – вели Никола Евров в.д. директорот на струшкиот музеј „Д-р. Никола Незлобински“.

Со префрлањето на ингеренциите од страна на Министерството за транспорт и врски на локалната самоуправа во Струга, се создаде општ хаос со крајбрежјето. Од општината молчат и не сакаат да ги коментираат ваквите појави. Локалната самоуправа, или не сака, или е немоќна да се справи со овој горчлив проблем.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга