Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024

Од:

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

„Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР повторно ги повика граѓаните да ги замената возачките дозволи, крајниот рок е крајот на декември

Тошковски: Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава, апелирам граѓаните да ги променат

Горан Наумовски

МВР ќе предложи да не се плаќаат ниту административни такси за замена на возачките и соoбраќајните дозволи

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Џафери: Пасошите не се регулираат по принципот на возачките дозволи, граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

А1он

Не е дискриминација, но е нееднаков третман на граѓаните кои платиле возачки дозволи утврди Комисијата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски