Краделе струја и копале криптовалути, приведени неколку лица

Од:

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, денеска извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што соопштија од МВР, претрес е извршен на улицата „Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на улицата „Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63).

-При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути, 16 ригови со 99 графички картички, 1 мајнер, со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН, информираат од МВР.

Во консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар