Крадел по цркви низ Скопје, притвор за 22-годишник

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишен скопјанец за кого постои сомнеж дека ограбувал цркви во Скопје.

– Осомничениот, во периодот од 19.06.2023 до 16.07.2023 година извршил неколку кражби во верски објекти – цркви, одземајќи парични средства од црковните каси. Насилно отворајќи ги касите на црквите „Св.Стефан”, „Св.Апостоли Петар и Павле”, „Раѓање на Свети Јован Крстител”, „Св. Јован Крстител” и „Св.Архангел Михаил“ во Скопје, осомничениот одзел вкупно 96 илјади денари со намера противправно да ги присвои, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави прeдлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство на осомничениот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар