ВИДЕО: Крадецот на НЛБ и се извини на банката, но не кажа каде се парите

Од:

Првообвинетиот за кражбата во НЛБ банка, Бобан Смилевски и се извини на сопругата што ја остава со 2 малолетни близначиња, му се извини на внукот што го остава без татко и на неговите родители за нанесениот срам стрес и шок.

Смилевски исто така се извини и на НЛБ банка за грабежот, но не кажа каде се парите.

-Делото не е за имотна корист, бев во долгови за кои јас и моето семејство добивавме закани и уцени. Во овие 40 години како човек сум бил за пример, рече Смилевски.

Тој побара помала казна и за второ и трето обвинетите за што пред судот кажа дека ненамерно ги вмешал во кривично дело. Смилевски вети доколку добие поблага казна ќе работи за побргу да ја надомести штетата на Банката.

Конечната одлука за казните на обвинетите во случајот ќе биде произнесена на 3 ноември.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он