Крадците земаат залет во Гевгелија

Од:

Според последниот информативен Билтен на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија, во периодот од 15 до 21 јули годинава на подрачјето на ПС-Гевгелија се случиле шест кражби.

Крадците не избирале специфични места за да се здобијат со туѓа своина, така што објект на напад биле училиште, паркинг-простор, мешалка за бетон, возрасен човек.

Предмет на интерес на крадците во текот на нападот биле парични средства, разен алат, велосипед, мобилен телефон, моторцикл и електромотор, со што е причинета материјална штета во вредност од 117.700 денари.

Седумдневниот биланс на крадците со речиси една кражба за секој работен ден, освен еден, доаѓа како демант на најавите на командирот на Полисиската станица во Гевгелија за опаѓачкиот тренд на кражбите со евидентирана една кражба за последните десет дена, односно 20 кражби за изминатите 1,5 месеци (јуни и половината од јули годинава).

Овие податоци тој ги изнесе во прилог на полугодишниот извештај за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на подрачјето на општина Гевгелија, оценувајќи ја состојбата на тој план како задоволителна, со зборовите: „На станичното подрачје не беа регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем или, пак, нарушувања на јавниот ред и мир што можат да ја вознемират јавноста и да предизвикаат загриженост по безбедноста и имотот на граѓаните“ (цитат од извештајот н.з.).

Советничката од СДСМ Наташа Минова до началникот Илија Делев го упати прашањето: „Колку од споменатите кражби се решени“, но за него не доби одговор.

Таа не се сложи со констатацијата дека јавната и сообраќајна безбедност во општината е задоволителна со самиот факт што во текот на првото полугодие регистрирани се 30 сообраќајни незгоди, од кои 16 се со потешки повреди, наместо регистрираните 19 незгоди со 4 тешки повреди во текот на првото полугодие од минатата година, како споредбена паралела. Во нив е предизвикана двојно повеќе материјална штета од 994.000 денари, наместо 558.000 денари во споредбениот период од минатата година.

Командирот на ПС Илија Делев, сепак, се согласи дека фалат мерки за превенција од провали и дека во иднина треба да продолжат да работат советодавните групи на граѓани, кои треба да се вклучат во решавањето на немилите случувања во градот и во општината.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он