Кожена јакна ја затна канализацијата во Радовиш, откако беше извлечена од пумпа на препумната станица од колекторот за фекални води кон пречистителната станица кај населбата Раклиш, информираат од ЈП „Плаваја“ од Радовиш.
– Тоа беше причината за застојот и тоа кажува колку сме некултурни и неодговорни кон сè она што значи општествено добро, стои во објавата на радовишкото комунално претпријатие.
Оттаму го потсетуваат несовесниот граѓанин дека кожената јакна е во пречистителната станица и не е оштетена и доколку сака, може да ја подигне.