Ковачки: Со што ја задолжил Муслиу владата? Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?

Од:

Со што ја задолжил Еролд Муслиу власта на СДС и ДУИ, за Владата да му наложи на националниот координатор за борба со тероризмот да склучи меморандум со конзорциумот составен од НВО на сопругите на Директорот на АР Еролд Мислиу и на вицепремиерот Фатмир Битиќи, a со цел истите да можат да го земат грантот од 620.000 евра вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на владата да се потпише меморандумот. Доколку владата не дозволела, до грантот за сопругата на Муслиу немало да дојде. Потенцираме, потпишувањето на меморандумот е основа за доделување на грантот од 620.000 евра на НВО на сопругата на Директорот на АР. Инаку, меморандумот има забрана за објавување од страна на владата и тој е недостапен за јавноста. Претпоставувате зошто. Оттука, се поставуваат две прашања: Прво, со што Директорот на АР – Еролд Муслиу ја задолжи Владата да му наложи на националниот координатор да склучи меморандум со конзорциумот со НВО во која е главна неговата сопруга? И внимавајте, истото да го забрани за објавување, и второ, знае ли Владата како се искористени парите од грантот, наменски или завршиле во џебовите на тие што извршиле трговија со влијание, рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија