Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

Од:

Ковачевски, Пендаровски и ЈО четврти ден молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, кои успеале да го добијат со претходно склучен Меморандум со Националниот координатор за сузбивање на тероризам назначен од владата вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Грант од 620.000 евра, сопруги на вицепремиер и директор на служба, одлука на влада, сето ова ставено во една реченица треба да биде доволно ЈО барем да се заинтересира да провери и отвори истрага, но од таму молк. Претставниците на власта со злоупотреби на службени позиции, со трговија со влијание за добивање на странски грантови од областа на безбедноста на земјоделци чии сопрузи се државни функционери, докажуваат дека институциите максимално се злоупотребуваат и искористуваат за лични лукративни цели, рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ падна на арбитража

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија