Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки ја обвини министерката Славјанка Петровска дека крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Тој рече дека Петровска лажела дека не поседува луксузна хациенда со базен.

„Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда. Денес ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.

Тој покажа сметка од имотот за кој тврди дека е на има на таткото на министерката Љупчо Петровски.

– Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста“, изјави Ковачки.

Тој додаде дека Петровска на последните избори гласала на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен.

„Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите. Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба? Петровска да не бега од одговорност“, порача Ковачки.

Според него, Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција, рече Ковачки.

Тој ги повикува институциите да отворат постапка за Петровска.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

(ВИДЕО) Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

(ВИДЕО) Петровска: Потребен е надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност, ние немаме што да криеме