Ковачки: Петровска го наследи трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопи

Од:

Министерот за одбрана, Славјанка Петровска, во стилот на нејзината претходничка Шекеринска, ја лаже и јавноста и војниците. Држат фамозни прес конференции на почеток на година, ветуваат брда и долини, а на крај од реализација нема ништо вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Министерката да им каже на старешините и војниците дека платите според Законот што го изгласавме во Собрание и дека треба да се зголемат до 9.000 денари, а не само 2.000 денари. Нејзините акробации со измена на вредноста на бодот во МО во моментов има 38 вредности на бодот, се противзаконски. Во врска со модернизацијата, нека и’ каже на македонската јавност дали има обука со новата опрема што пристигна или цели 6 месеци и’ служи само за сликање. Нека каже министерката кога ќе собере храброст министерката да каже до каде е истрагата во МО за давањето и примањето на мито што според неа ја отвориле уште во февруари и дали најповиканиот за гонење на овој вид криминал ќе го награди со 4000 евра месечна плата во Брисел затоа што го покрил криминалот за кој требало да постапува. Нека каже министерката како е можно на мировна мисија надвор од државата, на мировни мисии да се испраќаат единици без болничар, или со помалку стрелци затоа што на нивно место по налог на министерката заминале лица-котлари прачува Ковачки.

Според Ковачки Славјанка Петровска го наследила трулиот систем на Шекеринска и во истиот добро се вклопила.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

(ВИДЕО) Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

(ВИДЕО) Петровска: Потребен е надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност, ние немаме што да криеме