Ковачки: Кога криминалците го чувствуваат МВР за свој дом, се краде оружје и муниција за цела единица

Од:

Оливер Спасовски два дена молчи во врска со кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид.Ограбена е полициска станица, а власта се однесува како ништо да не се случило рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Според информациите кои ги објавија медиумите, но и според наши сознанија не се работи само за кражба на оружје и муниција за автоматско оружје, туку и за бомби и гранати, а за кои во МВР немаат точна евиденција. МВР не знае што точно и во колкава количина е украдено.Објектот на магацинот се наоѓа во кругот на поранешната касарна Михајло Апостолски во Охрид, а сега е во сопственост на полицијата. Магацинот има обезбедување и е во круг на повеќе полициски објекти, а непосредно спроти истиот е канцеларијата на началникот на РЦ Запад вели Ковачки.

Според него се извлекува заклучок дека крадците или се поголема организирана група која е голема опасност за мирот на државата или се во договор со Оливер Спасовски

– Украдена е муниција доволна за вооружување на цела единица. Тоа не е оружје или муниција кое може да се користи во лов или за било какви рекреативни цели, туку станува збор за автоматско оружје, муниција, бомби и гранати кои се користат исклучиво за боеви дејствија. Кога полицијата и криминалците се едно, епилогот е кражба на оружје од полициски магацин и предизвикување на несигурност кај населението. Спасовски или е целосно неспособен да го обезбедува имотот на МВР или е во целосна коалиција со криминалот и ги прикрива извршителите. Ова се случило кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9