Ковачки: ДУИ и СДС го одбија нашиот предлог-закон со кој баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите

Од:

Денеска пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите. Нашиот предлог Закон за измени и дополнувања со кои баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите издадени со име Република Македонија, а кои имаат важност, беше одбиен од тие што го создадоа проблемот, изјави Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Одлепеноста од реалноста и несакањето да им се излезе во пресрет на сопствените граѓани кои ги изолираа од останатиот цивилизиран свет е невиден феномен посебно имајќи во предвид дека сме членка на НАТО и сакаме да отпочнеме преговори со Европската унија. Во 21 век, да ограничувате слобода на движење на луѓе, да кршите Уставни права за влез и излез од сопствената држава, да свесно оневозможувате право на лечење на болни надвор од нашата држава, да го ограничувате правото на секој да може да бира и да биде избран се граничи со лудост. За здрав ум е несфатливо да имаш законска можност да им помогнеш на своите граѓани, да имаш шанса да исправиш проблем кој сам си го создал, притоа истото да нема никакви финансиски импликации, т.е. да не чини пари, и тоа да го одбиеш! Македонија ја води убедливо најлошата владејачка структура во историјата. Затоа, потребни се промени и решавање на наталожените системски проблеми. Македонија заслужува многу повеќе – рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево

Ковачки: Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

Ковачки: Со изборот на Силјановска Давкова и со заокружување на број 2 ќе се ја вратиме Македонија назад кон граѓаните и ќе работиме напорно и чесно