Ковачки: Дрин Ахмети е најпосакуван бизнис партнер, други плаќаат за да им биде ортак, владата му дава концесии

Од:

Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

– Тор Индустриес на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети е фирма која е основано во 2020 година, истата не прикажува профит, напротив работи и со загуба. Истата оваа фирма, сега заедно со албанската Певлаку ШПК го презема деловниот центар Соравиа, и наместо со паричен влог, фирмата партнер од Албанија е таа која плаќа, а младиот Ахмети добива 39% затоа што е млад и има убав поглед кон иднината. И како таков треба да го менаџира деловниот центар.Кога си внук на Али Ахмети, покрај тоа што други фирми плаќаа за да ти бидат партнери, и владата ти дава милионски бизниси, министрите од ДУИ се редат за да гласаат за тебе, рече Ковачки.

тој рече и дека на седница на влада на која биле Бујар Османи и Крешник Бектеши е донесена одлука да се даде концесија за изградба на мала хидроцентрала на Еверест ЏД на Дрин Ахмети, кога младиот претприемач имал само 21 година.

– Концесијата е на 23 години, а предвидената хидроцентрала треба да биде со моќност од 387 KW. За да се направи таква хидроцентрала потребни се 1.2 милиони евра. Гледајќи како функционира Дрин Ахмети, сигурно некоја банка одлучила во целост да ја покрие инвестицијата на 21 годишникот. Внукот на Ахмети очигледно е најпосакуваниот бизнис партнер во Македонија, за тој да влезе во бизнис, не плаќа, туку други плаќаат за него. Дали било кој друг бизнисмен од Македонија или било каде во светот, ќе добие 39% од некоја милионска луксузна недвижност, без да плати за тоа ниту еден цент, само затоа што има претприемачки дух, потенцира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево

Ковачки: Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ