Ковачевски за Слупчане: Кој не плаќал ќе мора да плати, кој бил приклучен на диво ќе биде исклучен

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски не се согласува со ставот на јавноста дека институциите немаат контрола во сите делови на земјата, посебно во оние населени места каде што се избегнува плаќање на струја.

– ЕВН е приватна компанија која има обврска да испорачува струја до секое домаќинство. Со оглед на тоа дека во тоа место имало проблеми со наплата и со диво приклучување, компанијата со министерството за економија кое е надлежно за енергетика разговараше со градоначалникот на општина Липково и донесена е одлука тие да влезат и да го санираат дефектот.

Кој не плаќал ќе мора да ги плати, кој бил на диво приклучен ќе биде исклучен. Освен Слупчане и Арачиново има и други такви места каде што се решава работата затоа што никој никому не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија – истакна Ковачевски при посетата на Свети Николе.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час