Ковачевски за бомбите: Тоа е дел од стратегија за хибридни напади, се прави вознемиреност во државата

Од:

Заканите за бомби во средните училишта во Скопје се дел од хибридна војна која има цел да внесе вознемиреност во државата, рече утрово премиерот Димитар Ковачевски. Тој објасни дека целиот регион е под хибридни напади.

„Ако порано на цела територија на Европа се воделе војни со оружје, сега имаме на дел од територијата на Европа каде што се води војна со оружје, со нападот на Русија врз Украина, меѓутоа во другите делови се води таканаречена хибридна војна каде што преку најразлични методи се прави вознемиреност во државата. Ова што се случува е исто така дел од таа стратегија за хибридни напади. Вие мора да бидете свесни дека Министерството за внатрешни работи при такви дојави мора да интервенира, бидејќи се работи за школи и не случајно тие таргетираат школи бидејќи најосетливи се луѓето кога се работи за школи, бидејќи нашите деца учат во тие школи и моите деца и вашите деца и на сите други. Министерството нормално дека интервенира. Секторот за економски криминал нормално дека согласно своите надлежности ги испитува сите можни податоци за да се дознае од каде доаѓаат тие лажни дојави кои што беа до денес. Јас се надевам дека тие што го прават тоа ќе сфатат дека Европа треба да живее во мир, а не во страв и неизвесност“, рече премиерот Ковачевски.

Дојави за бомби, трета недела по ред, добиваат скопските средни училишта. Утрово четири средни училишта беа евакуирани откако на електронските адреси добиле закани за подметнати бомби.

Хакерските напади на неколку институции изминатиов период Ковачевски вели дека исто така биле дел од таа хибридна војна, а за справувањето со последиците објасни дека нашите тимови работеле заедно со најразвиените тимови во делот за справување со хакерски напади од НАТО – партнерите.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски