Ковачевски: Влегов директно во огнот, за побрзо да испорачам резултат

Од:

Ниту еднаш, во било која прилика, дома или во странство, не ја користевме кризата како алиби, како оправдување во нашата работа, напротив, влеговме директно во огнот, за да испорачаме резултат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во преполната сала на денешната голема национална трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.

-Нашиот масовен собир го одбележува и мојот едногодишен мандат како Претседател на СДСМ, заедно со новото централно и локални раководства. И тогаш, и во сите мои настапи, дали дома или во странство сеедно, така и сега, ќе бидам истиот. Како што ветив, како што работам! Ќе зборувам искрено, директно, без калкулации, без флоскули, како човек, и со разум, но и со многу емоции! Поинаку не знам, ниту сакам! Ја започнав оваа година, во многу сложени и тешки услови! Се нафатив, ме избравте, преземав обврска да го водам СДСМ по поразот на локалните избори! И денес, иако не морам, сакам да повторам! Ја започнавме годината со јасна визија и обврска. Одлучивме да се менуваме, да бидеме подобри и поуспешни, не за себе, туку за граѓаните и државата. Од првиот момент, ниту јас, ниту моите колешки и колеги, не застанавме на тој пат ниту еднаш! Посветено, чесно и целосно се внесовме во спроведувањето на нашите обврски и ветувања! Единствено по принципот ветено-спроведено, кажано-извршено!, рече Ковачевски.

Влеговме директно во огнот, на сите стари, но и на нови фронтови, дома и надвор, со единствена цел – како подобро, поефикасно, побрзо и одржливо да испорачаме решенија, мерки, одржливи политики за подобра сегашност и иднина, потенцираше Ковачевски.

-Вечерва сме сите тука, во огромен број, за да ја потврдиме, да ја зацврстиме нашата обврска кон граѓаните, да ја зајакнеме нашата одговорност за подобра и посилна држава, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на денешната голема национална трибина „Силно и одлучно кон иднината„ во Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он