Ковачевски: Тимови од повеќе институции работат со странски експерти за решавање на хакерскиот напад во Фондот за здравство

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека тимови на Фондот за здравство и други институции работат со експерти и професионалци од Германија и други партнерски држави на Македонија, за да се реши хакерскиот напад во институцијата. Како што рече Ковачевски, во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на парите од Фондот за здравство по различни основи. Хакерскиот напад, според премиерот, е од ист вид како што претходно го имаше и Министерството за земјоделие и други институции, како дел од хибридната војна која се води во Европа.

„Вчера синоќа разговарав со министерот за финансии, тие во наредните денови ќе имаат решение, но, свесен за тоа дека вработените немаат плата, дека имаат приватни обврски, разговаравме да може да се направи исплата преку централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот во Фондот за здравство. Се работи за комплексна операција. Упатувам апел до сите вработени и корисници на услугите на Фондот да имаат трпение. Се работи деноноќно проблемот да биде решен. Обезбедивме преку вработените во изминатиот период да нема застој во издавање на услугите, ги продолжија и своите работни часови, дел од процедурите беа променети од дигитално во мануелно процесирање на барањата на осигурениците“, истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Клековски: Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза

Предраг Петровиќ

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Фондот за пензиско има „дупка“ од над 30 проценти, се покрива од Буџетот

Катерина Ѓуровски