Погрешните политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ направи состојбите во македонскиот аграр да бидат катастрофални. Задоцнети субвенции, скапи репроматеријали особено нафта, нерешен пласман на земјоделските производи и сиромашни земјоделци, рече Васко Ковачевски.
Оваа состојба мора да се промени. Ова уништување на македонскиот аграр мора да запре.
После 11ти Декември, новата влада предводена од СДСМ ќе покаже грижа за земјоделците и вкупното земјоделско производство.
Прва и главна мерка се редовните субвенции кои земјоделците ќе ги добиваат тогаш кога им се најпотребни.
Потоа ќе воведеме зелена нафта или земјоделците ќе користат 50% поефтина нафта од онаа што сега ја купуваат на бензинските пумпи.
Исто така ќе обезбедиме и поквалитетни и поефтини заштитни средства и ѓубрива.
Меѓу најважните мерки е обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и навремено плаќање од страна на откупувачите и трговците.
Ќе исправиме уште една неправда преку ревизија на поделбата на државната земјоделска земја и таа ќе се врати во рацете на вистинските земјоделци.
Ќе инвестираме и 10 милиони евра годишно во системи за наводнување.
Уште една важна мерка е ослободување на земјоделците од плаќање на персонален данок.
Нашиот план е да овозможиме достоинствен живот на сите земјоделци, да го вратиме животот во селата, да го вратиме животот во Македонија!