Ковачевски: Прво опомена, а потоа казна

Од:

Во 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ бевме сведоци каде инспекциските служби беа инструмент за репресија, уцени, заплашување и политички притисоци.

Тоа на својот грб го почуствуваа многу стопанственици и дуќанџии со плаќање на, честопати и енормно високи парични казни, поради што некои од нив банкнотираа.

Оваа сурова практика ќе остане во минатото после победата на СДСМ и здружената опозиција на изборите на 11-ти Декември.

Превенцијата ќе биде темел на казнената политика.
По извршената опомена, ќе се врши едукација со стопанствениците за почитување на законот, за да го вратиме мирот и спокојството кај даночните обврзници.

Прво ќе се опоменува за сторен прекршок и само при негово повторување ќе следува казна.
Но и таа казна нема да биде енормно висока, како досега, туку ќе биде пропорционална на приходите на фирмата.

Казната ќе биде со цел фирмите и работодавачите кои се огрешиле, да се поправат и да го продолжат својот бизнис по сите правила на законите и прописите.

Инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. Изборот на правните субјекти кои ќе бидат контролирани ќе се спроведува по случаен избор или по пријава со цврсти докази.

Извршителските трошоци нема да бидат повисоки од 20% од висината на спорот.

После 11ти декември, со сите наши мерки од изборната програма, ќе ја вратиме вербата во институциите, ќе го вратиме мирот и спокојот кај граѓаните, ќе го вратиме животот во Битола, живот во Македонија!

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада