Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

Од:

Сиот прогрес што е направен до денес е одраз на нашиот непокор и слободата на избор. Имаме обврска да останеме на европскиот пат и фокусирани на европските вредности во името на се што е постигнато со македонскиот непокор до денес. Антиевропската агенда е антимакедонска агенда и со тоа може да се справиме само со нови мудри одлуки, порача премиерот Димитар Ковачевски на централниот настан по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, што се одржа кај Спомен костурницата во Куманово, под мотото „Непокор и слобода“.

На ова македонско парче земја, посочи премиерот, никогаш не се бегало ниту од пламен, ниту од окупатори, ниту од одлуки.

– Правецот е повторно тој, во остварувањето на стратешките национални и државни цели, да останеме цврсти и обединети, да се соочиме со актуелните предизвици, чекорејќи напред. Назад никогаш и не било опција, ни за партизаните ни за Илинденците, ниту кога се носеле важните политички одлуки при изградбата на државата и во нејзиното меѓунафродно етаблирање по независноста. Назад не е ни наша опција, рече Ковачевски.

Денес кога имаме своја македонска држава, како што рече, потврдена и признаена во Европа и во светот нашата современа битка е да не дозволиме нечии лични, партиски или други агенди, нечии туѓи цели да ни го попречат европскиот пат.

Ковачевски рече дека благодарение на непокорот уште од 1903 година и успехот во НОБ во 1944 година постои денешна современа и независна демократска евроатлантска РСМ.

Според него, „во 2023 година, во цивилизациски напредниот 21-ви век, современа, демократска, мултиетничка, напредна Република Северна Македонија, полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО, држава која почна преговори со ЕУ и идна членка на Европската Унија – некој, со антиевропската агенда, се обидува да ја врати во мрачното и мачно минато, кое е надминато“.

-Ова не е битка со оружје и на бојни полиња, како партизанските и револуционерните борби. Но е, уште една серозна и важна битка што ние мораме да ја добиеме. И со тоа ќе се осигураме никој никогаш да не може да ги користи македонските идентитетски прашања, за свои или нечии туѓи цели. Членството во Европската Унија го потврдува, зацврстува и унапредува идентитетот. Таков е случајот со сите европски народи. Така ќе биде потврден, зацврстен, унапреден – со тоа и заштитен трајно и македонскиот идентитет во европски и светски рамки. Еднаш освоената слобода и еднаш создадената држава – се чуваат и штитат засекогаш. И затоа, ние, генерациите на денешнината имаме обврска да се справиме со антиевропската и антимакедонска агенда – од каде и да доаѓа таа. И тоа ќе го направиме со нови мудри одлуки, како и досега, коишто отвораат перспективи и овозможуваат напредок на граѓаните и државата, рече Ковачевски.

Истакна дека државава е поставена на вистинскиот пат и се развива според потребите на граѓаните, според модерните текови и во блиско пријателство со стратешките партнери САД, државите членки на ЕУ и на НАТО, од коишто има силна поддршка за натамошниот развој, како никогаш досега.

Нашата држава, посочи премиерот, отсекогаш била на вистинската страна на историјата, па и за време на Втората светска војна, кога застанала меѓу прогресивните антифашистички сили.

-И денес сме рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. И имаме обврска да останеме на европскиот пат и фокусирани на европските вредности – во името на сè што е постигнато со македонскиот непокор до денес. И со којшто, уверен сум, ќе ги обезбедиме и нашите европски перспективи, реформирајќи го нашиот вековен македонски државен капацитет, во врвен европски капацитет кој ќе покаже дека дента кога ќе влеземе во ЕУ, нашата држава ќе биде најбрзорастечка економија во Унијата. Ако некој мисли дека покрај големото, драгоцено историско искуство, може, со било што, да ја разниша самодовербата на македонскиот народ, наметувајки му чувство на жртва, ставајќи го во улога на постојано онеправден и зависен од волјата на други и во изолација – сакам да порачам, дека – многу згрешил во проценките!, порача Ковачевски.

Нашиот пат до извојуваната слобода и напредокот, посочи премиерот, е обоен во црвено и тоа е свет аманет и аларм за сите и сегашни и идни водства на државата.

-Лидерството, предводи по патот – не бега од одлуки и не тактизира со оправдувања! И јас како премиер и ние како Влада, ќе продолжиме, заедно со сите вас, непокорно да чекориме по патот на прогресот. И знам дека и овој пат, повторно заедно, ќе успееме, наведе премиерот Ковачевски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски истакна дека одлуките од првото заседание на АСНОМ од 1944 година донесоа остварување на желбите за основање на македонска држава и оти тоа претставува поттик денес да ги чествуваме хероите кои ги дадоа своите млади животи за слобода.

-Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија. 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби преку меѓусебна почит и несебично пријателство што ќе ни обезбеди напредок и успеси, рече Димитриевски.

Нашата борба и залагања за влез во европското семејство, според Димитриевски, мора да бидат достоинствени и издржливи на начин како што му доликува на секој горд народ кој има своја историја, традиција и обичаи. Повика на општ консензус и обединување на сите за заеднички да се работи на развој на државата со носење важни и неопходни одлуки што ќе донесат стабилност и сигурност и влез во ЕУ.

Чествувањето на празникот почна со положување цвеќе пред Спомен – костурницата од страна на повеќе делегации, на Владата, Собранието, Кабинетот на Претседателот, Армијата, диломатскиот кор, здруженија на борци, претставници на бизнис заедницата, нелвадиниот сектор…

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов