Ковачевски повторно избран за лидер на битолските социјалдемократи

Од:

Васко Ковачевски повторно е избран за претседател на Општинската Организација на СДСМ Битола со нов четиригодишен мандат.

По неколкучасовна дискусија на седницата во средата Ковачевски беше реизбран помеѓу четворица кандидати (Васко Ковачевски, Златко Ќурчиевски, Зоран Лазаров и Игор Петковски) со јавна поддршка од повеќе од 80 отсто од присутните. Изборот го соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Да се биде претседател на Општинската Организација на СДСМ Битола е чест но истовремено и голема обврска. Уште повеќе, што претседателот Заев првото решение во неговиот мандат го врачи овде во Битола, што можеби ќе значи дека токму од овде ќе тргне победата над оваа власт – изјави Ковачевски по изборот.

Би можело да ве интересира

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски