Ковачевски: Парите ќе ги насочиме кон граѓаните

Од:

Преку зголемени трошоци за живот и сурова казнена политика, во изминативе 10 години ВМРО ДПМНЕ безобразно им ги зеде парите на граѓаните. И додека мала група на луѓе блиски до актуелната власт водат раскошен живот, граѓаните секојдневно се повеќе и повеќе осиромашуваат, рече претседателот на СДСМ Битола и кандидат за пратеник – Васко Ковачевски.

За нас СЕКОЈ Е ВАЖЕН!

Основна заложба на СДСМ и коалицијата после 11-ти декември ќе биде – парите да им се вратат на граѓаните.

Затоа во нашата изборна програма, План за живот, предвидуваме:

Зголемување на просечната плата до 30 000 денари, а минималната плата до крајот на мандатот ќе биде 16000 денари.

Ќе ја зголемиме социјалната помош и секое социјално семејство ќе добива најмалку по 12 000 денари месечно, а доколку некое семејство има помали приходи од 12 000 денари, ќе ја исплаќаме разликата.

Два пати годишно ќе ги зголемуваме пензиите, согласно зголемувањето на трошоците за живот.
Од сите фискални сметки на граѓаните на крајот на годината ќе им се враќа 15% од ДДВ-то, тоа значи дополнителен прилив за семејниот буџет.

Ќе ја укинеме радиодифузната такса, а ќе ја вратиме и евтината тарифа на струја.
Со овие и уште низа вакви и слични мерки, новата влада предводена од СДСМ ќе обезбеди повеќе пари за секое семејство.

Целта е да се создадат подобри услови за живот на граѓаните, да го вратиме животот во Битола, да го вратиме животот во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он