Ковачевски: Нашиот фокус е ставен на економскиот развој и на финансиската поддршка за семејствата

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт.

Премиерот Ковачевски пред поканетите претставници на дипломатскиот кор, на стопанските комори во земјата, пред претставниците на граѓанските и на медиумските организации, ги образложи постигнувањата зацртани во Програмата на Владата во првите 100 дена во однос на приоритетите кои беа соопштени на почетокот на мандатот и кои беа фокусирани на обезбедување сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани.

„Деновиве читав коментари дека оваа Влада немала среќа бидејќи од прв ден се соочила со огромни предизвици, воена и економска криза како што не се памети. Точно е дека предизвиците, притисокот и очекувањата се големи, но среќа е што токму оваа Влада ја има одговорноста да се носи со сите овие предизвици. Среќа е затоа што одговорно тврдам, дека за 100 дена донесовме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки со кои ги штитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи.

И затоа пред да продолжам со излагањето, сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од Владата, сите советници и целиот тим кој неуморно работеше во овие 100 дена. Докажавме дека со добар менаџмент, одговорно управување со парите на граѓаните и чесна работа може да се надминат и најтешките предизвици.

Во моето кратко воведно излагање, ќе ставам фокус на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои ги преземаме на среден и долг рок за економски развој на земјата“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата