Ковачевски: Македонија останува на вистинската страна избирајќи го европскиот пат

Од:

Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната манифестација во Куманово организирана по повод 11 Октомври – Денот на народнот востание.

Зборувајчи за историјата Ковачевски се осврна на некоку клучни моменти во кои семјава како што рече ја избрала витинската страна, од антифашистичката борба, преку 2001 и решението преку кое како што рече бил спречен меѓуетнички конфликт па се до потпишувањето на договрот од Преспа во 2018 година.

„Застанавме на вистинската страна и во 2018 година, со потпишувањето на Договорот од Преспа, по што станавме 30 полноправна членка на НАТО. Денес, во услови на мировните закани во глобален контекст, се сфаќа вистинското значење на оваа тешка, но единствено исправна одлука, со којашто ги зацврстивме територијалните граници на нашата држава на европската и светската мапа”, рече Ковачевски.

Продолжуваме во духот на оваа традиција, стануваме на вистинската страна избирајќи го европскиот пат со поглед кон иднината.

„Ако порано напредокот барал обединување за да се постигне слобода, и своја држава основана на својот вековен јазик и идентитет, независност, како и членство во НАТО – денес да се биде на вистинската страна значи европски интеграции, примена на европските вредности, постигнување на европскиот животен стандард, придонес во европскиот мир. Денес, во глобалниот контекст на случувања, да се застане на вистинската страна значи да се помогне да се обезбеди безбедниот и економски напредок и живот на граѓаните. Ако прифатиме дека значењето на антифашистичката борба е безвременско и државничко, дека е одраз на континуитет и бара континуитет, тогаш европскиот напредок на Република Северна Македонија е нашата вистинска страна и нашата битка кон успехот на тој план рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

Катерина Ѓуровски

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание

Катерина Ѓуровски

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 ја добиваат Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски