Ковачевски: Лажните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја прелеаја чашата

Од:

„СДСМ го осудува секој насилен чин извршен од било кого и врз било кого, вклучувајќи го и синоќешниот напад врз координаторот на ВМРО ДПМНЕ од Битола. Но за секоја последица, присутна е и причина“, рече на прес конференција Васко Ковачевски. .

Ова , според него е не е ништо другo туку резултат на бројни лажни ветувања за партиски вработувања кои доведоа до, како што вели, пирова победа на ДПМНЕ.

„Токму оваа политика на лажни ветувања, која Груевски и фамилијата веќе 7 години ја применуваат, ја прелеа чашата и тоа токму овде во Битола.Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ и власта да престанат да си играат со чувствата на граѓаните, да запрат со партизација на општеството и да прекинат со лажните ветувања.И наместо лажни списоци да применат реални вработувања, нешто што ќе го направи СДСМ како идна власт“, вели Ковачевски.

На 10.07.2012 година во 20.47 часот во полициската станица -Битола, З.И.(1962) од Битола, пријавил дека пред неговиот стан на наведената адреса заѕвонил З.А.(1963) од Битола и започнал вербална расправија со него.

Во еден момент З.А. од појасот на пантолоните извадил нож и со него замавнал кон З.И. кој успеал да ја затвори влезната врата од станот, а З.А. почнал со ножот да удира по вратата и да се заканува по неговиот живот и по животот на членовите од неговото семејство, по што си заминал. СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

А1 дознава дека се работи за Зоран Илиовски директор во ЈП Водовод и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, Битола, за А1 велат дека ова е освета бидејќи ги лажат луѓето за вработување, а еден од нив бил и Златко Аврамовски, кој според информациите од опозицијата, бил излажан за вработување на неговата ќерка во клиничката болница во Битола.

Од СДСМ, Битола велат, на лажните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за вработувања им дојде крај. З.А. кој е инаку домар во болницата и кој по инцидентот избегал, утрово е пронајден од полицијата и приведен.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“