Ковачевски и Спасовски создадоа хаос со патните исправи, рокот да се пролонгира, народот да не чека во редици на минусни температури, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Власта создаде хаос со неспособноста да организира издавање на патни исправи. Заради неспособните Ковачевски и Спасовски илјадници граѓани два месеци наназад чекаат на минусни температури и по неколку часа на ден, за да дојдат на ред да се сликаат за нова патна исправа, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од два милиона и 500 илјади граѓани со македонско државјанство до сега патна исправа извадиле 1 милион и 200 илјади граѓани. Остануваат некаде околу 1 милион и 300 илјади. Тие 1 милион и 300 илјади не можат да бидат издадени до февруари. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе претставка до Уставниот суд за ставање во сила на делот од Законот за патни исправи со кој се обврзуваат граѓаните да ги сменат своите патни исправи до февруари. Дополнително што власта ја оставила државата и без обрасци за патни исправи. Интенцијата на власта е да се создаде дополнителен хаос и компликации. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?