Ковачевски ги враќа иконите за кои „А1он“ објави истражување: Пет години никој официјално не ги бараше

Од:

Владите на Албанија и Македонија денес, на втората меѓувладина седница, потпишаа договор со кој ќе почне постапка за враќање на 21 икона украдени од македонски цркви во 2013 година. „А1он“ во мај годинава објави дека украдените икони скапуваат по депоа во Албанија оти државата не си ги бара назад иако Албанците ги фатија крадците и ги осудија уште во 2015 година за што истовремено ги известиле македонските институции.

Една од иконите денес беше покажана на меѓувладината седница, премиерот Димитар Ковачевски најави дека за кусо време очекува да бидат донесени уште 20. Тој рече дека лично се залагал за враќање на иконите.

„Јас имав состанок со архиепископот на МПЦ г.г. Стефан и му ветив, исто како кога му ветив дека ќе работам на признавањето и воведувањето во канонско единство на МПЦ со сите други православни цркви и тоа и го направив, исто му ветив дека јас лично ќе одам во Албанија и сите 21 икона, кои што се наоѓаат таму ќе ги донесам во нашата држава. За тоа морам да му се заблагодарам лично на Еди Рама кој заедно со неговиот министер за култура кој што работеше заедно со нашиот министер за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска го направи тоа да биде можно. Денеска сите можеа да видат една од тие икони тука во Скопје, а многу скоро во наредните денови, сите заедно ќе бидат донесени во Скопје. Ќе му ги предадам на архиепископот на Македонската православна црква за да можат сите православни верници од државата од целиот регион меѓутоа и сите други верници од други религии да уживаат во тоа богатство кое што Северна Македонија го има“, рече премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека враќањето на иконите е конкретен доказ за добрата соработка со Албанија и развојот на меѓусебната доверба.

„А1он“ веќе објави дека иако албанските власти ги известиле уште во 2015 година, македонските власти првпат официјално си ги побарале назад иконите во 2020 година, а и по официјалното барање постапката се развлече во три години.

Иконите се украдени од цркви во Западна Македонија, а меѓу нив има дела на Дичо Зограф, иконостас со икони од Св. Јован, Св. Петар, Исус Христос, Св. Павле, Св. Лука, Св. Јаков, Св. Тома од 19 век.

Би можело да ве интересира

Иконите вратени од Албанија изложени во Музејот на Северна Македонија

Македонија ги прими 20 икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири, а беа незаконски однесени во Албанија

Горан Наумовски

Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија ќе пристигнат во земјава

Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава

Костадиновска-Стојчевска и Цветковски: Чинот на реституција на иконите е историски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вредните икони украдени пред повеќе од деценија гнијат во Албанија оти Македонија ги заборави