(ВИДЕО) Ковачевски: Фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ без тендер ќе ископува јаглен за 5 милиони евра

Од:

Блокирањето на Собранието и репликите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сами со себе не се за заштита на Македонија туку за заштита на криминалите и нафтените платформи на нивното раководство, обвини Васко Ковачевски од СДСМ.

Тој вели дека на 2. март оваа година е склучен нов договор за ископување на јаглен и јаловина во РЕК Битола со битолската фирма „Марковски компани“, која без оглас, во постапка на преговори, почнала со бизнисот вреден 5 милиони евра.

– Сопствениокт на фирмата, Борче Марковски, кој е конзул во Белорусија, е близок пријател на Сашо Мијалков. Тој и претходно за ископување на јаглен и јаловина, имал тендери од над 60 милиони евра. Оваа фирма е тесно поврзана со ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски.

Во врска со деблокадата на Собранието, Ковачевски рече дека наскоро ќе се одбере претседател на Парламентот, согласно Уставот и Деловникот и дека ќе одговараат сите кои се огрешиле пред Законот.

– Очекуваме да преовладува свеста и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да овозможат да функционира Собранието. Имаме мнозинство од 67 пратеници. Црните сценарија на Груевски не поминуваат кај граѓаните, рече Ковачевски.

Тој кажа дека засега не е најавена никаква средба на лидерите на парламентарните партии, ниту пак е почната најавената координација со претседавачот Трајко Вељаноски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски